Vrabotuvanje.com - Работници во производство - мажи - Сподња Идрија, Јесенице - Salax
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работници во производство - мажи

Сподња Идрија, Јесенице, Словенија

Рок за пријавување:

  • Salax
 

Вработуваме!

Наши клиенти кои се едни од водечките светски корпорации во областа на автомобилската и индустриската технологија вработуваат работници во производство - оператери.

Работат на решенија за автомобилската индустрија и нивните производи ги користат сите водечки производители на возила во нивната оригинална опрема. Произведуваат и развиваат модерни автомобилски технологии со што фокусот е на хибридни и електрични погони, механизми за управување, системи за греење на дизел моторите, грејачи на гориво и воздух, сензори и автоматизација. Дизајнираните решенија се насочени кон обезбедување оптимална ефикасност со најмала количина на штетни емисии.

Потребни им се поголем број на производствени работници на најразлични локации во Словенија. За почеток бараме работници за производствен погон во Сподња Идрија и Јесенице - Словенија.

Работни места:

  • Работа на машини и уреди за производство,
  • Ракување и следење на машини за пресување, мерење контрола на работата на машините,
  • Работа во погон за бојадисување,
  • Изведување на склопување и монтажа,
  • Менување на алати, уреди и опрема за дупчење, полирање, брусење,
  • Грижа за чистотата на работната средина,
  • Преземање дејствија во случај на аномалија во производство,
  • Контрола на квалитетот на производот и пакување.
  • Работното место е во зависност од вашето искуство и желба каде би сакале да работите, ќе се договорите на самиот разговор со работодавецот.

Услови кои треба да ги исполнувате за апликација:

  • Да имате работно искуство на ваква или слична позиција,
  • Работо - способност и стекнати работни навики,
  • Познавање на други јазици Англиски, Словенечки или Србско-Хрватски,
  • Мотивираност, пријатен однос и комуникација,
  • Вештини за рачна работа како и ракување со основни алатки,
  • Согласност и спремност за работа во смени.
  • Да поседувате важечки патни исправи.

Работодавецот нуди:

  • Организирани оброци во компанијата + надоместок прибл. 3 €/ден.
  • Ваучери за ручек во мензата надвор од работно време.
  • Организиран превоз или надоместок во висина од автобуска карта.
  • Обезбедено сместување во близина на фирмата со ваше учество од 150€/лице.
  • Колективен одмор (крајот на Јули-почеток на Август и крајот на Декември),
  • Надоместок за учинок уште од првиот месец,
  • Организирано менторство кое ќе ве воведе во работата и производствениот процес во период од еден месец,
  • Кофинансираање на разни спортски активности доколку кандидатите пројават желба,
  • Вработување на подолг временески период.
  • Почетна заработувачка од околу 1200 - 1300€.

Сите заинтересирани нека испратат CV/кратка биографија на Англиски, Србо хрватски(латинично писмо) или Словенечки јазик со назнака за ¸¸Производствени работници – Сподња Идрија или Јесенице  ¨ на: goran.mehandziski@salax.si

Сите кои ќе бидат избрани ќе добијат маил за потврда и информации за online состанок.

Ве очекуваме!!!

Следете не на:

WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija

FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601

Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)

FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде