Vrabotuvanje.com - Виш стручен соработник и стручен соработник - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виш стручен соработник и стручен соработник

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци, во Дирекција за финансии и тоа:

 

I. 1 (еден) работник на работно место виш стручен соработник во Сектор за план и анализа.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо стручно образование;
  • Работно искуство од 3 години;
  • Познавање на методи за финансиска анализа;
  • Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
  • Познавање на PowerBI ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 40.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

II. 1 (еден) работник на работно место стручен соработник во Сектор за план и анализа.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо стручно образование;
  • Работно искуство од 1 година;
  • Познавање на методи за финансиска анализа;
  • Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
  • Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција.


 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде