Vrabotuvanje.com - Оператор во погонска лабoраторија - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во погонска лабoраторија

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашето производство ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Оператор во погонска лабораторија
 

Клучни одговорности и задачи:

  • Ја контролира адхезијата на цинкова наслага
  • Ја испитува тежината/дебелината на цинкова наслага
  • Контролира и прионува обложни средства – бои, лакови и дебелина
  • Испитува концентрација на хроматен раствор од линијата за поцинкување
  • Испитува концентрација на раствори (кади) од линијата за пластификација
  • Изготвува извештај од извршени контроли, испитување и тестирања за секој котур
  • Интервенира при појава на неквалитет и неусогласен производ
  • Во отсуство на контролор на квалитет:
  • Врши визуелна контрола, контрола на површина (горна/долна) и на ивиците на траката/лимот
  • Врши метролошка контрола на ширина, дебелина и должина (за лим) и рамност
  • Дава оценка за квалитетот на траката/лимот (површина, рамност) од извршената визуелна и метролошка контрола и изготвува извештај за квалитет за секој контролиран котур/лим/пакет
  • Подготвува извештај за неусогласен лим/котур
  • Интервенира при појава на неквалитет и проблематичен (неусогласен) котур/пакет до првиот претпоставен
  • При секое прештелување на линијта врши проверка на димензиите и квалитетот на лимот
  • Контролира (визуелни и метеорлошки) земени проби за испитување
  • Селектира и отстранува неквалитет од котур/пакет 

Личен профил:

  • Можност за работа во смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование
  • Со или без работно искуство
  • Основно познавање на Англиски јазик
  • Основно познавање на MS Office

Што нудиме:

Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.

Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. 

Либерти Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде