Vrabotuvanje.com - Front-End Web Developer - Скопје - БИЛИВИО ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИЛИВИО ДОО Скопје

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради започнување на нови проекти има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува конкурс за вработување на програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување.

FRONT-END WEB DEVELOPER
 

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
  • Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.

За позицијата потребно е солидно познавање на Angular и повеќе од 2 години искуство со реални Angular проекти.

Предност би имале кандидатите со искуство во:

  • JavaScript, NodeJs
  • Google APIs;
  • Web APIs;
  • Unit testing;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
Можност за хибриден режим на работа.
 

Вашето кратко резиме (CV), испратете го преку полето Брза Апликација или испратете го на email адреса: jobs@beelivio.com.

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде