Vrabotuvanje.com - Асистент на менаџер на магацин и логистика - Скопје - БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент на менаџер на магацин и логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА

B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.

B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.

B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци

АСИСТЕНТ НА МЕНАЏЕР НА МАГАЦИН И ЛОГИСТИКА
ЛОКАЦИЈА: СКОПЈЕ, Населба Илинден

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Го планира, организира, координира и контролира редовното магацинско работење
  • Растовар на производи и материјали со вилушкар, проверка на количина и квалитет на пратките и заверка на документацијата за секоја пратка
  • Поставување на производите на локација за чување почитувајќи го FIFO  принципот 
  • Внимателно ракување со материјалите заради избегнување на крш
  • Материјално книжење и изготвување на извештај за разлика во количина и оштетување на пратки
  • Навремено дополнување на продажните возила со производи за продажба (залиха и дополна) и споредба со задолжителната документација со реална состојба во секое време
  • Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време
  • Контрола на пакувањето и грижа за неговата чистота, навремена поделба и отстранување на отпад
  • Учество на периодичен попис како оператор за броење или контролер
  • Набавки на канцелариски материјали и опрема/сервис на службени возила
  • Учество во декларирање на производи (аплицирање на декларациска налепница)
  • Управување со вилушкар во согласност со правилата за безбедност
  • По потреба врши подигнување на нарачки од добавувачи кои не вршат достава;
  • Дневни/Неделни извештаи за продажба и наплата. Координација за наплата.
  • Извршува останати работни задачи кои се доделени од директно претпоставениот.​

ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:

  • Завршено минимум ССС
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство со менаџирање на магацин во дистрибутивна дејност (трговија, производство)
  • Способност за самостојна и тимска соработка
  • Прецизност, работливост и флексибилност
  • Познавање на оперативни системи на Microsoft (Word, Excel, генерирање и обработка на прегледи)
  • Возачка дозвола: Б категорија (по потреба – користење на службено возило)
  • Сертификат за управување со виљушкар


ШТО НУДИМЕ:

  • Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
  • Редовни месечни примања од 31.000 денари и одлична можност за понатамошно напредување и дополнителни бонуси.
  • Месечни бонуси од 3.000 денари до 14.000 денари согласно остварените резултати во продажбата и наплатата, односно – процент од остварената продажба и наплата
  • Годишен регрес од 27.500 денариРабота во пријателска и динамична работна атмосфера
  • §40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски Мај-Септември се работи 6 дена во неделата со скратено работно време од вкупно 40 часа неделно)
  • Тимот на БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден е во забрзан развој, одлична можност за развој на кариера

Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку Брзата Апликација со назнака за кој регион аплицирате или остварете директен контакт на 072/262-100 за повеќе информации во однос на податоците во огласот.

 

БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде