Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Хрватска со нов закон: По работното време не смеат да ви звонат колегите и шефот
Работодавецот/шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор.
-
Колони возила, хаос, загубено време, нервози - посебен сообраќаен режим утре во Скопје!
Која е вистинската причина за губењето на времето и нервозата на граѓаните во сообраќајот?
-
ВАЖНА ВЕСТ: Недела останува неработен ден!
Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во земјава. Вака одлучиле мнозинството судии од Уставниот суд.
-
РКЕ: Од полноќ поевтинува дизелот
РКЕ: Од полноќ поевтинува дизелот
-
Германија го одобри планот за привлекување повеќе странски работници
Германската влада денеска го одобри планот за реформа на законодавството за имиграција во земјата, изјави владиниот портпарол, цитиран од „Reuters“.
-
ГЕРМАНИЈА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Ова треба да го знаете
Германската економија со години не може да привлече доволно квалификувани работници, а овој проблем наскоро ќе стане поакутен со пензионирањето на бејби бумер генерацијата. Владата вчера претстави план со кој пошироко ги отвора вратите за работната сила од земјите надвор од Европската унија, јавува ДПА.
-
Колку години треба да работите за да купите стан од 60 метри квадратни?
Колку години би требало да работите за да купите еден стан со просечна големина од 60 метри квадратни?
-
Учебниците за основците имаат еднократна употреба, велат од МОН
Министерството за образование и наука информира дека согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можат да се користат најмногу до 5 години, со исклучок на оние за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно.
-
DRӒXLMAIER Македонија му посака добредојде на германскиот претседател
Претседателот на СРГ Франк - Валтер Штајнмaер за време на својата посета на земјава беше гостин во DRӒXLMAIER фабриката во Кавадарци
-
Во Кичево добивка на Лото од пола милион евра – на истото уплатно место четврта голема добивка за 3 години
По вечерашното извлекување на броевите од последното коло на Лотарија на Македонија, засега непознат добитник, за погодени седум броеви ќе добие 500.000 евра.