Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Една година од забраната за пластични кеси - што навистина се смени?
Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони, а ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо, како што стои во соопштението, продолжи и оваа година.
-
Од утре Русија забранува увоз на македонски јаболка!
Од утре Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија
-
Денес ќе се одлучи за „работа во недела”
Уставниот суд на денешната 38. седница ќе одлучува по Рефератот кој е подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.
-
Дали Скопје ќе блесне за новогодишните празници или ќе чека подобри времиња!?
Неколку општини ќе блеснат предновогодишно, Скопје веројатно ќе чека подобри времиња
-
Oд денеска прехранбените производи треба да се нудат со намалени цени
Од денеска се очекува да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.
-
Финансиско друштво Флекс Кредит вработува во Скопје и Македонска Каменица!
ФЛЕКС КРЕДИТ ВРАБОТУВА во Скопје и Македонска Каменица!
-
Од денеска здрава ужинка за 186.000 ученици
Од денеска уште една убав вест, овојпат за сите ученици: Од основните училишта во општина Центар, денес започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи. Обезбедена е здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.
-
„ЕСМ снабдување со топлина” почна со испорака на сметките за парно за октомври
„ЕСМ снабдување со топлина” ги изработи фактурите за топлинска енергија за месец октомври и во тек е нивна достава. Износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември, информираат од компанијата.
-
Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во Македонија
Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-
Францускиот леб багет на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство
Познатиот француски леб багет е додаден на списокот на нематеријално културно наследство на Обединетите нации. Багет е долгнавест француски традиционален леб направен само од брашно, вода, сол и квасец.