Vrabotuvanje.com - Комерцијално технички советник - Скопје - Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијално технички советник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје

 

 

Ви нудиме можност за вработување како

КОМЕРЦИЈАЛНО ТЕХНИЧКИ СОВЕТНИК

на територијата на Република Северна Македонија

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

Краток опис на работата:

  • Познавање на карактеристиките, квалитетот и достапноста на производите
  • Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Организација на продажни активности
  • Промоција на нови производи
  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Посета на градежни објекти
  • Грижа за купувачите
  • Анализа на пазарот и спремање месечни извештаи

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование
  • Минимум 3 години работно искуство во трговија
  • Познавање на продажните процеси
  • Одлично познавање на MS Office пакет
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

Потребни вештини и способности:

  • Ориентираност кон купувачите и кон остварување на целите
  • Преговарачки вештини
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим
  • Желба за учење и напредок
  • Подготвеност за работа на терен

На кандидатите им нудиме:        

  • Компетитивна плата
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 01.11.2021 преку полето Брза Апликација. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде