Vrabotuvanje.com - Маркетинг координатор - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маркетинг координатор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои 28 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемување на обемот на работни активности, отворена е работна позиција:

 

МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР

 

Специфични задачи и одговорности на работната позиција:

  • Учествува во креирање и имплементација на стратегии за промоција на компанијата;
  • Врши координирање и спроведување на сите маркетинг кампањи на сите медиуми;
  • Активно учествува во креирањето на нови производи, дизајни и други креативни решенија;
  • Врши планирање, организирање, координирање и контролирање на сите дефинирани BTL, ATL маркетинг активности;
  • Организира и координира настани;
  • Врши координација и управување на работата со агенциите со цел добивање на соодветни креативни, комуникациски и медиумски стратегии;
  • Учествува во следењето на ефектите од спроведените кампањи;
  • Следење и анализа на пазарните трендови;

Потребни квалификации:

  • Минимум 3 години работно искуство во маркетинг;
  • Високо образование (од областа на маркетинг, комуникации или бизнис ќе се смета за предност);
  • Тимски дух, организираност и систематичност во работењето;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Активно работење со компјутери (MS Office);
  • Развиени презентациски и комуникациски вештини;
  • Совесност, одговорност и самомотивираност;

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина;
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата;
  • Позитивна тимска атмосфера;
  • Обезбеден оброк.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документот за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.

Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.

Висината на основната плата ќе биде дефинирана врз основа на повеќе параметри  како што се предходно работно искуство и исполнување на наведените критериуми од страна на кандидатот.

Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Конкурсот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 22.11.2022 до 05.12.2022).

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде