Vrabotuvanje.com - Менаџер за клучни купувачи - Скопје - САРАНТИС-СКОПЈЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за клучни купувачи

Скопје

Рок за пријавување:

  • САРАНТИС-СКОПЈЕ ДООЕЛ

 

SARANTIS GROUP е една од водечките компании за потрошувачки производи со седиште во Атина, Грција. Sarantis нуди производи од висок квалитет за секојдневна употреба со конкурентни цени, секогаш водејќи се со потребите на потрошувачите . На овој начин, низ историјата групата се зголемувала и развивала, нудејќи дополнителна вредност на потрошувачите, клиентите, добавувачите, акционерите и вработените. Од парфеми и козметика до лична нега, здравје и производи за секојдневна употреба, SARANTIS GROUP нуди широк спектар на производи со висока свесност за брендовите како Bioten, STR8, CTHRU, B.U., FINO и многу други. Во најмногу категории, нашите производи се на врвот на листата на потребите на потрошувачите. Ние функционираме преку нашите ќеркикомпании во цела Европа - Полска, Романија, Бугарија, Србија, Чешка Република, Унгарија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Португалија. Групата одржува јако меѓународно присуство и дистрибуциска мрежа која извезува во повеќе од 50 земји.

За нашиот канцелариски простор во Скопје, ние бараме:

 

МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ

 

Клучни обврски:

  • Развива и одржува јаки односи со клучните клиенти за максимизирање на продажбата.
  • Работи во тим за функционална соработка за развој на бизнис планови за клиентите за кои е одговорен/а.
  • Анализира и ги разбира трендовите на пазарот, динамиката и можностите за раст преку нови канали/клиенти.
  • Ефективно координира со многу функции во компанијата (Филд менаџер, Финансии, Планинг и Маркетинг) за обезбедување на најдобар сервиса потребен за клиентите и бизнис потребите.
  • Подготвува редовни извештаи за напредокот и прогнозите до интерни и екстерни заинтересирани страни користејќи информации од клучните купувачи.
  • Учествува на состаноци за планирање и операции (S&OP).

Профил на кандидатот:

  • VI-VII степен на стручна квалификација во областа на Економија/Бизнис Администрација/Маркетинг, или било кој друг еквивалентен степен
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредно познавање на пакетот MS Office
  • Јака способност за анализа на нумеричките податоци/јаки нумерички вештини
  • Минимум од 3-5 години работно искуство на слични или поврзани позиции
  • Познавање на П&Л (приходи и трошоци)

Критични компетенции за оваа улога:

  • Способност за развивање и одржување на јаки односи со клиенти.
  • Разбирање на потребите на клиентите и способност за обезбедување на извонредна услуга и поддршка.
  • Следење на продажбата и преговорите, со можност да се постигнат целите и заклучат договорите.
  • Јаки аналитички вештини за идентификување на можностите и развивање на стратегии за раст.
  • Одлични вештини за вербална и писмена комуникација за ефикасно пренесување на информации и преговори со клиентите.
  • Соработка со интерни тимови за обезбедување на безпречно извршување на плановите и задоволство на клиентите.

Компанијата нуди:

  • Конкурентен пакет на надоместоци
  • Можности за развој на кариера во мултинационална средина
  • Флексибилно работно време
  • Хибриден модел на работа
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пријатна и модерна работна средина
  • Неограничен пристап до платформата за учење на LinkedIn

Ако сакате да ги искористите своите вештини и искуства во динамична и растечка мултинационална компанија, ве молиме испратете ни го вашето резиме (CV). Сите резими (CV) ќе бидат третирани со строга поверливост. Компанијата ќе контактира само со кандидати кои ги исполнуваат потребните квалификации и критериуми.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде