Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бренд менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
 
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД БРЕНД МЕНАЏЕР
 
Локација: Скопје
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 08.08.2024
Позиции: 1
 

Цел на работното место: Гарантира спроведување на маркетинг стратегијата и активностите за брендовите на компанијата, обезбедувајќи концепти и активности за поединечни брендови и артикли со цел да ја зголемува свесноста на пазарот за брендовите, да развива силни, препознатливи и конкурентни брендови и да обезбеди повисоко учество на брендовите во пазарот.

Главни одговорности:

  • Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегија за брендови;
  • Ги креира и спроведува годишните маркетинг планови за брендовите вклучувајќи и цели, цени, вредност за купувачите, имиџ, визуелна презентација, креатива, новитети;
  • Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи/артикли во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџети;
  • Гарантира креаирање на позитивен имиџ на брендот и ги пренесува комуникациските пораки на брендот до купувачите и потрошувачите;

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40часа;
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
  • Обезбедени услови за работа (најнова технологија)
  • Службено возило достапно 24/7
  • Приватно здравствено осигурување и животно осигурување
  • Исплата на минат калкулиран труд;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување;

Потребни квалификации:

  • Високо обраозвание (Економска насока);
  • Искуство во работа со буџети;
  • Минимум 5 години искуство во продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MC Office- Excell, Word;

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

Краен рок за аплицирање: до 08.08.2024

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде