Vrabotuvanje.com - Маркетинг специјалист за промотивни активности - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маркетинг специјалист за промотивни активности

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За нашата регионална дирекција во Скопје потребен ни е 
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ


Основни должности:

  • Организација, присуство и контрола на промоции и настани од различен тип на уплатните места и автомат клубовите, како и outdoor промоции
  • Активности за организација, следење и реализација на наградни игри, натпревари и други промотивни кампањи и акции
  • Одговорен за темелно познавање на актуелни понуди и промоции кои ги нуди компанијата за своите корисници на услуги
  • Присуство на спортски и промотивни настани кои допринесуваат за позитивна репутација на компанијата и привлекување нови корисници
  • Одговорен за пружање поддршка на играчите при отварање на online налози
  • Комуникација со надворешни соработници, договарање и организација на заеднички настани
  • Навремено и детално запознавање со сите актуелни понуди/промоции кои ги нуди компанијата на своите корисници
  • Делење промотивен материјал на нашите корисници на услуги
  • Спроведување промотивни активности во други градови каде делува компанијата со цел нејзино промовирање
  • Спроведување на активности поврзани за тематски настани на уплатни места и автомат клубови
  • Изработка на потребни извештаи за својата работа


Услови:

  • Формално образование: IV степен стручна подготовка
  • Потребно искуство: Минимум две години работно искуство на позиции промотер, комерцијалист
  • Дополнителни знаења и вештини: познавање на работа со компјутери, пожелно е познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на барањата и навиките на играчите, комуникативност, преговарачки вештини, одговорност, лојалност, кооперативност, тимска работа
  • Возачка дозвола Б катерорија (активен возач)

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да гo испратите на e-маил job@mozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 23.06.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде