Vrabotuvanje.com - Асистент за продажба - Скопје - ДУНА ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДУНА ДОО Скопје

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.

Дуна Доо има потреба од:

Асистент за продажба

Во Дуна, како Асистент за продажба ќе имате клучна улога во поддршка на нашите продажни активности, ефикасна комуникација со клиентите, обработка на нивните барања, општа административна поддршка, оддржување на задоволството на клиентите, како и остварување на целите на продажбата. ​

Одговорности:

  • Обработка на нарачки и внесување на продажни информации во системот.
  • Комуникација со клиенти преку телефон, меил и др., за да се разберат нивните потреби и барања.
  • Поддршка на продажбениот тим во подготовка на понуди, предлози и документација.
  • Следење на статусот на понудите и координација со тимот за испорака.
  • Одржување на база на податоци за клиенти и информации.

Квалификации:

  • Претходно искуство во администрација или продажба ќе се смета како предност, но не е задолжително.
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тимско опкружување.
  • Висок степен на организациски способности и внимателност на детали.
  • Способност за ефикасно работење со компјутерски програми, вклучувајќи MS Office (Word, Excel, Outlook).
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата и способност за решавање на проблеми

Што ви нуди Дуна:

  • Конкурентна плата
  • Професионална и пријатна тимска атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење
  • Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата
  • Можност за напредување

За да бидете успешни како Асистент за продажба, мора да сте динамична и позитивна личност, подготвена за успех, да поседувате продажни вештини и знаења и комуникацијата да ви биде јака страна.

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV или писмо за интерес преку полето Брза Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде