Vrabotuvanje.com - Оператор за метални делови на ЦНЦ глодалка - Скопје - Свемек
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор за метални делови на ЦНЦ глодалка

Скопје

Рок за пријавување:

  • Свемек

Свемек ДООЕЛ е производна компанија која е основана во 1978 год. и чија основна дејност е производство на машински делови по нацрт и по пат на сечење, стругање, дупчење, глодање и брусење.

Дел од производите кои се изработуваат се: цилиндри, разводници, завртки и навртки, вентили, разводници и многу други производи по нацрт од клиентот во сериско и прототипно производство за намените на индустриите како што се: автомобилската, машиноградбата, транспортната, земјоделската, индустријата за пакување и др. 95% од производството е наменето за странскиот пазар: Германија, Унгарија и Шведска.

ОПЕРАТОР ЗА МЕТАЛНИ ДЕЛОВИ НА ЦНЦ ГЛОДАЛКА

 

 

Должности и работни задачи:

  • изработка на прво добро парче и делови во серија, според претходно изготвен НЦ програм со припремање (штелување) на машината со соодветен резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето,
  • основно превентивно одржување за функционирање на машините и известување во случаи на затои или дефект
  • подесување на корекции на алатите во машината
  • одржување на чист, организиран и безбеден работен простор према зададени писмени инструкции
  • задолжително носење на ХТЗ опрема за безбедност и здравје при работа
  • контролирање на машински делови визуелно и со помош на мерни инструменти како што се: подвижно мерило, микрометри за надворешно и внатрешно мерење, контролници за проверка на навој, контролни чепови, гранични мерила (еталони) и компаратор
  • основно познавање на браварска работа. Работа со рачен алат и мануелни дупчалки/глодалки

Барани вештини/компетенции:

  • познавање на работата со ЦНЦ вертикален и/или хоризонтален глодачки центар. Основно познавање на НЦ програм и НЦ Управувачки панел 
  • строго познавање, читање и разбирање на технички цртеж
  • придржување кон писмени или усмени работни инструкции и технолошко-пропратна документација
  • уредно пополнување на тековна дневна документација 
  • основни познавања од работа со компјутер
  • способност и желба за самостојно решавање на стручни практични проблеми при изработката на деловите

Потребни карактерни особини:

  • кандидатот да биде дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
  • одговорен во управувањето со опремата и документацијата
  • колегијален со вработените во фирмата
  • самоиницијатива за постигнување на личен раст и тимско залагање
  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или Високо стручна подготовка (машински инженер)

 

 

Што нудиме:

  • Работа во една смена 
  • Колективен годишен одмор 
  • Прекувремена платена работа 
  • Почетна плата: од 18,000ден. до 25,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • секој кандидат без разлика на приложеното искуство во работата му следи интерна обука спроведена од раководството и истата е под супервизија на соодветен искусен кадар назначен од фирмата
  • платен почетен пробен период од два месеци за адаптирање и запознавање со работните должности во работата 
  • Кандидатите со минимално годишно искуство во работата со ЦНЦ глодалка од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати. Кандидатите кои имаат работено на универзална глодалка без претходно искуство во работењето со ЦНЦ глодалка исто така ќе бидат земени во предвид.
  • Ги охрабруваме и оние кои имаат минимално работно искуство со работата или сметаат дека имаат цврсто познавање на горенаведените точки да аплицираат за вработување.

 

Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Аплицирај.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде