Vrabotuvanje.com - Маркетинг менаџер - Тетово - ЕУРОВИА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маркетинг менаџер

Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕУРОВИА ДООЕЛ

 
 
 
ДГТУ ЕУРОВИА ДООЕЛ  има потреба од млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следното работно место во Тетово:
 
 
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР 1 (еден) извршител
 
 
Опис на работно место: 
  • Планирање на маркетинг активности за целата година преку сите маркетинг канали (Телевизија, Радио, Social Media, Newsletters, eCommerce, Каталози, Билборди...)
  • Планирање на маркетинг активности за странски пазари (Албанија, Косово, Србија, Бугарија...)
  • Подржување на продажбата со подготвување на презентации, дизајни на понуди, информации за конкуренција, слики, промотивен материјал и сл...
  • Комуникација со дизајнери и печатници. 
  • Преговарање и договарање на маркетинг активности. 
  • Собирање и архивирање на маркетинг понуди. 
  • Организирање на продукција и дистрибуција на печатени и дигитални маркетинг материјали. 
  • Менаџирање и одржување на социјалните медиуми и веб страната на компанијата
  • Анализа на пазарот и успешноста на маркетинг кампањите. Изготвување на извештаи за истите. 
  • Ажурирање и оджување на податоците за коминтентите, датабази и e-mail датабази.
  • Следење на маркетинг активностите на конкурентите. 
  • Одржување на маркетинг архивата и обновување на потрошениот материјал
  • Одредување на идни маркетинг буџети.
  • Следење на светски маркетинг трендови.
  • Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и невно презентирање кај надредените
  • Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на маркетинг и продажбата
 
Поставеност во организација: 
  • Директно одговара на Генералниот менаџер (Директор) 
  • Раководи со тим од повеќе луѓе (Веб Девелопер, Графички дизајнер, Видео адаптација и тн) 
 
Познавања: 
  • Аналитички програми и презентирање
  • Менаџирање и контролирање на обврските
  • Microsoft Office  (Word, Excel, Power Point, Outlook)
  • Говорење и пишување на Англиски. 
  • Facebook, Twitter, Youtube. 
  • Online Ads (Facebook Ads, Google Ads…)
  • Newsletter платформи (Mailchimp)
  • Google Analytics
 
Потребно: 
  • Познавање во Маркетинг/Бизнис областа.
  • Развиени oрганизациони, комуникациски и лидерски способности
  • Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
  • Спремност за превземање на одговорност
  • Проактивно размислување, амбициозен и натпреварувачки дух
  • Пожелно работно искуство во Маркетинг, Photoshop, Illustrator и Corel.
  • Возачка дозвола – Б категорија
 
Компанијата нуди: 
  • Плата од 18.000 до 30.000 во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)
  • Платата можно е да биде и повисока од 30.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и посветеноста.
  • Неопределено вработување со почетен пробен период.
  • Обуки и тренинзи во областа која работи.
  • Модерни, Високо квалитетни услови за работа.
  • Платени патни трошкови.
  • Годишни рекреативни семинари со комапнијата.
 
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации
 
СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ
 
Напомена:
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!
  • Компанијата се наоѓа во с.Желино - Тетово
  • Дневно работно време е претпладне, од 09:00 до 17:00 часот, од Понеделник до Петок 
 
Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде