Vrabotuvanje.com - АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ објавува оглас за надополнување на база на потенцијални кандидати - Скопје - Алкалоид АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ објавува оглас за надополнување на база на потенцијални кандидати

Скопје

Рок за пријавување:

  • Алкалоид АД Скопје

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрен восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за  личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили: 

 

ВСС-образование:                    
  • Магистри по фармација  / дипломирани фармацевти
  • Дипломирани лабораториски биоинженери 
  • Дипломирани хемиски инженери 
  • Дипломирани инженери технолози
  • Доктори по општа медицина 
  • Доктори по стоматологија.
Кандидатите би можеле да бидат повикани за потребите на следниве оддели:
  • Истражување и развој – Фармација
  • Контрола на квалитет – Фармација
  • Контрола на квалитет – Билка
  • Регулаторни работи
  • Фармаковигиланца
  • Обезбедување квалитет
  • Медицински маркетинг
  • Бизнис развој
  • Продажби - Фармација
  • Производство - Фармација
  • и други оддели, по потреба.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, ве охрабруваме да аплицирате на еден од следните начини:
  • со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи, на електронската пошта career@alkaloid.com.mk со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;
  • со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.
АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати, доколку се појави потреба во текот на годината.
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде