Vrabotuvanje.com - Инженер за техничка поддршка на ИТ системи - Скопје - СМАРТ СОЛУТИОНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за техничка поддршка на ИТ системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • СМАРТ СОЛУТИОНС ДООЕЛ

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard/ Enterprise, Autodesk, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: 


Инженер за техничка поддршка на ИТ системи​
 


Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
  • Висока стручна подготовка- диплома од Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство 
  • Возачка дозвола (Б категорија) 
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  • Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
  • Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
  • Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
 
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови преку полето Брза Апликација или по пошта на следнава адреса: Smart Solutions бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1 1000 Скопје
 
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.
 
Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.
 
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде