Vrabotuvanje.com - Администратор во технички сектор - Прилеп - ДОО КОМФИ АНГЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор во технички сектор

Прилеп

Рок за пријавување:

  • ДОО КОМФИ АНГЕЛ
  • Адреса: Александар Македонски 1Г, 7500 Прилеп
  • Веб страна: https://somniashop.mk/

Комфи Ангел ДОО е компанија специјализирана за производство на перници, јоргани, заштитници за јога и постелнина со седиште во Прилеп, и во моментов има потреба од следната работна позиција:


АДМИНИСТРАТОР ВО ТЕХНИЧКИ СЕКТОР

 

Опис на задачите: 

  • Административна помош при изработка на упатства за користње на машини, нивно архивирање и ажурирање.
  • Административна помош при изработка на спецификација на елементи вградени во нови склопови или при надоградба на постоечките.
  • Ажурирање на листа на минимани залихи за новите проекти.
  • Администрирање на UNIDO EnMs алатникот и изработка на извештаи за регресиони модели за потребите на ISO 50001, Power monitoring софтверот и трендот на потрошувачка на енергенси.
  • Ажурирање на чек листи за алтернативно напојување, портивпанична инсталација и заштитните сензори на машини.
  • Ажурирање на инвентарна листа и листа со основни средства.
  • Изработка на винкулации кон банки, пријава и ликвидација на штета.
  • Читање на електрични броила и изработка на пресметки за подготовка на фактури.

Потребни квалификации:

  • Високо образование - завршени студии по Индустриско инженерство и менаџмент.
  • Претходно работно искуство во струката поврзана со завршеното образованието.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот.
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан).
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот има сертификат за завршенa обука за ISO 50001 или некој од системите за менаџирање со енергија.
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија.
  • Високи комуникациски способности.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци, со поднесување на апликацијата, се согласувам Комфи Ангел ДОО Прилеп да ги чува  документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.
Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, Комфи Ангел ДОО Прилеп нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде