Vrabotuvanje.com - Senior database administrator (М/Ж) - Скопје - Електродистрибуција ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Senior database administrator (М/Ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Електродистрибуција ДООЕЛ

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 
За потребите на Одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме: 
 
SENIOR DATABASE ADMINISTRATOR (М/Ж) 

Работни задачи: 
  • Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци: Microsoft SQL Server, Oracle.  
  • Одговорен за безбедносните аспекти на базите на податоци, превенцијата од загуба на податоци (Data Security, Backup & Recovery) 
  • Конфигурирање на бази на податоци  
  • Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard, Microsoft SQL Failover Cluster) 
  • Oracle RAC & ASM, Microsoft SQL Cluster Server инсталација и администрација 
  • Познавање на миграциски техники за Microsoft SQL Server и Oracle  Искуство со middleware (апликациски сервери)  
  • Остварување постапки за враќање на податоци (restore), имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите. 
 
Потребни компетенции 
  • Завршено Високо образование VII/1 степен – Информатички системи 
  • 5+ години искуство со администрирање на бази на податоци 
  • Напредно познавање на Microsoft и Oracle производи и технологии 
  • Напредно познавање на оперативните системи Windows и Linux 
  • Одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти   
  • Висока организираност и насоченост кон детали. 
 

Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на jobs.elektrodistribucija@evn.mk 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде