Vrabotuvanje.com - Инженер технолог - Прилеп - МИКРОСАМ Прилеп
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер технолог

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ Прилеп

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.

Микросам ДОО, Прилеп - светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

 

ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ – 1 работно место


Основни одговорности и задачи:
  • Учество во интердисциплинарни истражувања и проекти за развој на работата со хемиски инженери, машински инженери, електрoинженери, програмери и други професионалци;
  • Развивање на контролата на квалитетот на производи и процеси;
  • Изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
  • Изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства во спецификите;
  • Пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификите;
  • Проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
  • Техничка соработка и консултации со други релевантни експерти;
  • Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија.
Квалификации и компетенции:
  • Завршен Технолошки факултет  или при крај со студии;
  • Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност).
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

 

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
 
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
 
Рокот за пријавување е до 31.08.2020г
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде