Vrabotuvanje.com - Дипломиран машински инженер / Дипломиран електро инженер - Скопје - Макстил
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран машински инженер / Дипломиран електро инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Макстил

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
 
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.        
 
Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворени се следните работни места: 
 

ДИПЛОМИРАН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР- 2 Извршители

Работни задачи:

  • Извршува активности поврзани со планирање, организирање и координација на сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Го утврдува стандардот за одржување и ги изготвува плановите за инспекција на постојките во својата зона;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Основни квалификации:

  • Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран машински инженер;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик.

Основна одговорност

  • Следење на состојбата на постојките во својата зона;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации

  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (Енергетска насока) - 1 Извршител

Работни задачи:

  • Планира, организира и координира со сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Контролира спроведување на потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Основни квалификации:

  • Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер 
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик.

Основна одговорност:

  • Следење на состојбата на системите во својата зона;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации:

  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Што ние нудиме:

  • Конкурентна плата;
  • Динамично опкружуваше со можност за учење, развој и напредок;
  • Позитивна работна средина.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 25.10.2020 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде