Vrabotuvanje.com - Административен работник / Офис менаџер - Скопје - АНЕКС увоз-извоз ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен работник / Офис менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АНЕКС увоз-извоз ДООЕЛ Скопје

Анекс е фирма за дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Нашите партнери се меѓународни и домашни компании на кои сме им се докажале како квалитетен соработник. Со пратење на модерните трендови во трговијата и прометот на производи за широка потрошувачка, ориентирани сме на принципот активна комерцијала на терен и брз превоз на производите до купувачот. Со вкупно 38 вработени, ја покриваме целата територија на Р.Македонија. Ланци, хипермаркети, супермаркети, помали дуќани, трговци, аптеки се најважните канали за продажба на нашите производи и со самото тоа се наш фокус.

Анекс увоз извоз Скопје – дистрибутивна фирма има потреба од 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК / ОФИС МЕНАЏЕР​

 

Работните задачи опфаќаат:

  • Креирање на влезни и излезни фактури;
  • Креирање девизни калкулации
  • Изготвување на сторно фактури/повратници
  • Изготвување на нарачки према добавувачите/принципалите
  • Изготвување на план за испорака/логистика
  • Спроведување административни активности и грижа за непречено на целокупното административно работење;
  • Соработка со сметководство; магацин
  • Подготовка на документација за вработени (досие на вработени, пријава/одјава, годишни одмори, известувања, потврди);
  • Изготвување на патни налози
  • Водење на Благајна
  • архивирање

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Висока стручна подготовка - предност диплома од Економски факултет при УКИМ Скопје 
  • Искуство со материјално книговодствено работење (минимум 3 години)
  • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
  • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
Платата ќе биде до 27.000.00 денари - соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.
 
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава, мотивационо писмо, кратка биографија на македонски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови преку полето Брза Апликација.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде