Vrabotuvanje.com - Работници за производство на електрични мотори - Скопје - КЕССЛЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работници за производство на електрични мотори

Скопје

Рок за пријавување:

  • КЕССЛЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден


 

Работници за производство на електрични мотори 
 
КЕССЛЕР групацијата со седиште во Германија, има основано компанија во Северна Македонија за истражување, развој и производство на електрични мотори, генератори и електрични компоненти. Поради оваа бараме специјалисти за производство на компоненти за мотори со перманентни магнети и генератори, кои ќе работат на производство и инсталација до конечно асемблирање. 

 
Потребни квалификации
  • Креативност и аналитички вештини
  • Образование како електо или машински техничар
  • Основно познавање на англиски или германски јазик
  • Претходно искуство во работа со внесување на намотки во мотори ќе се смета за предност
 
Одговороности и задачи
  • Работа во производствен тим
  • Производство на формирани намотки, статор пакети и статори за електрични мотори
  • Склопување и тестирање на статори за електрични мотори и генератори
  • Способност за комбинирање на механички и електрични аспекти во работата
  • Проверка на квалитетот на производот
  • Тестирање на намотките со цел да се осигура дека не постои спој со куќиштето на моторот, со заземјувањето или кратки споеви, со користење на испитен пулт за проверка на изолација и отпорност
  • Подготвување извештаи и документација за производите
 
Што нудиме
  • Обезбедуваме можност за атрактивна работа за високо мотивирани лица
  • Вработување во групацијата КЕССЛЕР, со повеќе од 90 годишно искуство во развој и производство на електрични машини
  • Најдобри можности за идни надоградувања
     

Со нетрпение очекуваме да ја добиеме вашата апликација за работа!

Ги очекуваме вашите документи за апликација за работа на англиски јазик. Апликацијата треба да содржи мотивационо писмо, фотографија и CV. 

Испратете ги Вашите апликации на
КЕССЛЕР Македонија ДООЕЛ Илинден Ул.10, Бр.124, Илинден, Скопје, или преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде