Vrabotuvanje.com - Електроничар - Скопје - СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД


 

Спорт-Лаиф Трејд ДОО e компанија која работи на пазарот на игри на среќа подолго од 20 години. Деловната политика на компанијата се заснова на современи деловни принципи. Во текот на изминатите години станавме еден од водечките организатори во областа на игри на среќа и спортските обложувалници. Постојано сме во потрага во пронаоѓање на квалитетни кадри.Се грижиме и инвестираме во своите вработени преку тимска соработка и разни обуки за континуиран развој и професионален напредок во кариерата,што претставува наш приоритет.
 
За своите потреби Спорт Лаиф  вработува на позиција:
ЕЛЕКТРОНИЧАР
 
 
Опис на работно место:
  • Работа со лемна станица и инфраред лемна станицa
  • Склопување на електронски уреди
  • Сервис,поправка и одржување на преносни компјутери, десктоп компјутери (сервис на хардверските делови на ниво на електроника)
  • Разбирање на блок дијаграми и шеми од електрониката
  • Познавање од областа на електроника и ниска струја
 
Потребни квалификации:
  • Завршено  техничко - средно училиште
  • Основно познавање на компјутери (MS Office)
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Дипломиран електро- инженер (пожелно)
Личен профил:
  • Способност за работа во тим
  • Самостојно и совесно извршување на секоја задача
  • Одлични комуникациски способности
  • Одговорност и посветеност на работата
  • Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
 
Вашата Професионална Биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде