

Т.Д. Алеа ДООЕЛ Скопје, застапник за Pharmamed i Eurogine објавува оглас за вработување на две позиции
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
реон: Битола, Прилеп, Охрид, Ресен
реон: Штип, Радовиш, Кочани, Струмица
Цели и одговорности на работното место:
- Остварување на зададените цели на својот терен;
- Редовни контакти и посета на лекари и фармацевти;
- Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
- Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка;
- Активно учество и придонес во развојот на компанијата.
Потребни квалификации:
- ВСС: Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Добри комуникациски вештини;
- Подготвеност за службени патувања;
- Способност за тимска работа;
- Фармацевтска лиценца за работа ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите;
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач.
Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација", со задолжителна назнака за кој реон аплицирате.