Vrabotuvanje.com - Механичари – подвозје и склопови - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Механичари – подвозје и склопови

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

МЕХАНИЧАРИ – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Составување на шасијата и механичките делови (ако е неопходно да користи дигалка)
  • Да ги состави механичките делови пред да се монтираат на шасијата
  • Поставување на делови на означените места ( со помош на завртки или стеги);
  • Затегнивање или спојување на механичките делови;
  • Поставување на цилиндрите за кочење, водилките и диференцијалот
  • Составување на моторот пред да биде поставен на шасијата;
  • Составување на радијаторот и издувниот систем пред да биде поставен на шасија;
  • Поставување и поврзување на системот за управување;
  • Инсталирање на механички компоненти и системи, како што се моторот, менувачот, оските, филтер за воздух, издув, систем за сопирање, радијаторот, центрирање и подесување на каишниците и поставување на клима компресорот;
  • Работните задачи мора да се извршуваат во согласност со инструкциите за работа и техничкиот опис на материјалот
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки 
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
     
ШТО НУДИМЕ:
  • Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде