Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
LL Gourmet
Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.
Поради зголемениот обем на работа LL GOURMET има потреба од вработување на:
Администратор (1 позиција, Скопје)
Потребни квалификации:
Завршено минимум средно образование
Задолжително познавање на работа со Microsoft office, искуство со работа во материјално-финансиски програми ќе се смета за предност
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија
Самомотивирана личност со силни организациски вештини
Доверлива личност која е темелна во извршување на работните задачи и внимава на деталите
Флексибилна личност која е подготвена за тимска работа
Опис на работни задачи и одговорности:
Прибира и внесува податоци во програмот за материјално-финансиско работење
Внесување на фактури од прием на роба во софтвер
Внесување на испратници за испорачана роба во софтвер
Внесување на попис во софтвер
Внесување на артикли и спецификација за артикли (цени,тежини и останати параметри)
Проверка, на внесените фактури
Архивирање на документација
Дополнителни задачи по барање на надлежниот менаџер
На кандидатот му нудиме:
Работа во позитивна и пријатна атмосфера
Полно работно време од 40 часа неделно
Работниот однос се заснова на определено време со можност за продолжување
Конкуренски месечни примања
Подарок за роденден
Организирана исхрана
Платен превоз
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ви ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со назнака “Администратор”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.