Vrabotuvanje.com - Оператори за производство на безалкохолни пијалоци - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори за производство на безалкохолни пијалоци

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

За вработување кај нашиот реномиран соработник – ПИВАРА СКОПЈЕ, лидер на пазарот во  производство на пиво, вода и безалкохолни пијалаци, потребни се:

Оператори за производство на безалкохолни пијалоци (Скопје)


ЗАДАЧИ:
  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
  • Води евиденција за призведени количини на производ;
  • Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
  • Води точна и прецизна евиденција за работата на машината;
  • Редовно ја следи исправноста на машините и пријавува евентуални недостатоци и дефекти;
  • Презема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
  • Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
  • Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство;
  • Придонесува за одржување на редот и дисциплината во организацијата.
 
БАРАМЕ:
  • ВСС или ССС во Машинска или Електро струка
  • Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери 
  • Способност да се реагира брзо во зависност од потребите 
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
  • Сменско работење (во три смени) 
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa

НУДИМЕ:
  • Солидни  и навремени месечни примања
  • Обезбеден топол оброк
  • Обезбедена обука
  • Можен почеток: 01.06.2023
  • Годишен одмор: согласно ЗРО и колективен договор
  • Времетраење на вработувањето: 3 месеци со можност за продолжување.
  • Надомест за ноќна работа, работа за празник/викенд
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат. 
 
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
 
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
 
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде