Vrabotuvanje.com - Аналитичар/ ка на продажба - Скопје - АЛМА- М
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар/ ка на продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛМА- М

 
Објавува оглас за извршител на следната работна 
 
АНАЛИТИЧАР(КА) НА ПРОДАЖБА
 
 
 
Датум на објава: 11 Септември 2018
Рок за пријавување до: 23 Септември 2018
Број на оглас: О-А-АП-180911
Сектор: Администрација
Локација / Регион: Скопје
Одговара на претпоставен/а: Национален менаџер за продажба
 
 
Работни задачи:
  • Подготвува извештаи за Клучни индикатори на успешност (KPI) за: дневна, неделна, месечна, квартална, годишна и повеќегодишна продажба, 
  • Развива методи и стратегии за проценка и обработка на бази на податоци,
  • Внимателно проучува, анализира и проценува податоци, за да утврди трендови во продажба, планови, проекции и области за подобрување,
  • Дава насоки на продажба во однос на трендови и изработува идни планови за продажба,
  • Креира извештаи за евалуација на продажба (резултат VS план) по: агент, тим, бренд, град, канал, вид на објект, ...
  • Присуствува и презентира извештаи за продажба на состаноци за продажна стратегија на менаџмент на Алма-М (и нејзини принципали),
  • Предлага корекции и ревизии на планови и извештаи,
  • Изготвува извештаи за подобрувања и предлага мислења за реструктуирање на компанијата,
  • Работи со целокупен тим за продажба, 
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • Генерира ад-хок извештаи за продажба, маркетинг акции, наплата, долгови и т.н.,
  • Изработува и други извештаи по барање на менаџментот на Алма-М.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум високо образование,
  • Напредни способности за проценка на групи на податоци и идентификување на модели/ шаблони,
  • Поседување силни математички вештини и ориентираност кон детали,
  • Експертско познавање и работа со Мајкрософт Ексел,
  • Демонстрира висока способност да размислува и истражува независно, аналитички и креативно,
  • Способност за мултитаскинг при анализа на податоци,
  • Ефикасно управува со време, 
  • Се чувствува комотно во околина со брзо темпо на работа,
  • Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Зборува самоуверено и аргументирано пред група, 
  • Поседува силни вештини за соодветно решавање на проблеми,
  • Познава Англиски јазик, 
  • Пожелно познавање на ЦФМА софтвер,
  • Позитивен однос кон промени.
 
Потребно искуство:
  • Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност. 
 
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирај со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
 
Напомена:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања
 
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде