Vrabotuvanje.com - Метод инженер - Скопје - ВАБТЕК МЗТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Метод инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАБТЕК МЗТ

 
ВАБТЕК МЗТ е светски познат производител на системи за сопирање на шински возила и дел од глобалната мултинационална Wabtec корпорација со седиште во САД. Веќе шест децении нашите иновативни решенија со најсовремена технологија обезбедуваат сигурност во транспортот на луѓе и стоки низ целиот свет. 
 
За потребите на Секторот за производство нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за позицијата:
 
МЕТОД ИНЖЕНЕР
 
 
Основни задолженија и одговорности:
  • Aнализа на конструктивната документација со цел пропишување на соодветен процес за производство на бараниот дел/подсклоп/производ
  • Изработка на технолошка документација, во која ги пропишува операциите/чекорите за обработка и ги дефинира потребните режими на машината (кога станува збор за делови кои се произведуваат со машинска обработка)
  • Избор и пропишување на алати и контролници кои ќе се користат во процесот на обработка на делот
  • Изработка на програми за обработка на делови на CNC машини
  • Пропишување на време и трошоци за обработка
  • Архивирање на технолошката документација во дигитален формат 
  • Мерење, анализа и документирање на машинско време 
  • Изготвување на предлог-нарачки за замена на алати, калибри и направи и учество во изработка на спецификации за нивна набавка
  • Подобрување на процесите и намалување на трошоците за обработка
  • Изработка на визуелна технолошка документација, во која ги пропишува чекорите, помагалата и алатите за монтажа и испитување на функционални склопови и уреди
  • Мерење, анализа и документирање на време за монтажа и испитување
 
Квалификации и компетенции:
  • Високо образование - Машински Факултет;
  • Посебни барања од програмирање на ЦНЦ машини;
  • CAD/CAM софтвер;
  • Познавање на процеси за обработка со режење.
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување во меѓународна компанија
  • Можност за професионален развој во согласност со високи меѓународни стандарди за квалитет
  • Конкурентен надомест

 

Вашата апликација (мотивациско писмо, CV и препораки) со назнака „Метод инженер“ испратете ја преку полето Брза Апликација и најдоцна до 18.01.2019 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 
Вабтек МЗТ е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде