Vrabotuvanje.com - Оператор на двостан, затезна рамналка и тандем - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на двостан, затезна рамналка и тандем

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal

 

 
 
Оглас за вработување во АрцелорМиттал Скопје
 
АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.
 
АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 
Оператор на двостан, затезна рамналка и тандем
 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Поставува материјал, отсекува краеви на котури и ги обележува
  • Поставува котур на одмотувач
  • Ја воведува траката по валци во зависност од начинот на работата д-мод, ц-мод
  • Задава притисок на стан 1 доколку се работи со два стана 
  • Ја контролира и регулира положбата на траката на влез
  • Ја контролира траката од оштетување, подвиткани ивици, телескопичност, лепење на материјалот 
  • Ја дува траката во текот на работата 
  • Врши (со останатите служби) промена на потпорни и работни валци 
  • Товари стари валци и поставува нови на количка 
  • На затезна рамналка: 
o Врши поставување на котури на влезна количка и одмотувач према зададена програма
o Доколку котурот е за страничен обрез ги штелува ножевите
o Го донесува почетокот на траката до хевталката и ги спојува котурите
o Спојот на котурите го донесува до намотувачот и го вади спојното отпадно парче
o Ги поставува параметрите за процесот и го врши процесот рамнење
o Го вади котурот од намотувачот на излезна количка, го врзува, вага и му пишува број на израмнетиот котур
  • Го менува сменскиот раководител доколку истиот е отсутен
  • Во отсуство или потреба од оператор на тандем, вработениот: 
o Ги припрема котурите 
o Работи со сите главни и помошни уреди на постројката согласно програмата за работа
o Пред да почне со работа ја утврдува исправноста на постројката и другите помошни уреди 
o Врши проверка на материјалот и на валците за валање 
o Учествува во промената на работни и потпорни валци, и одговара за исправноста на истата 
o Врши проверка на мерачот за дебелина 
o Врши манипулирање со системот за свиткување на валци во зависност од таласавоста на траката 
o Го контролира квалитетот на материјалот и процесот на постројката со која ракува 
o Повремено учествува во одржувачки активности за кои претходно е обучен и квалификуван
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа 
  • Се грижи за хигиената (чистотата) на постројката и нејзините плацови во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
 
Личен профил:
  • Комуникациски вештни
  • Организациски вештини
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Потребни квалификации:
  • Средно стручно образование 
  • Работно искуство од мин 1 година 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за Оператор на двостан, затезна рамналка и тандем“ најдоцна до 25.01.2019 година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде