Vrabotuvanje.com - Aвтомеханичар - Германија - Dellfix GmbG
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Aвтомеханичар

Германија

Рок за пријавување:

Dellfix GmbH е со седиште во Германија, Герштофен, специјалист за поправка на моторни возила оштетени од природни катастрофи. На национално ниво, неколку илјади возила се поправаат секоја година. Од 2000-та година, компанијата се етаблира независно како одговорен партнер без оглед на брендот на моторните возила. Штети при паркирање,гребнатини,сообраќајки или штета од природни катастрофи. Dellfix GmbH специализирана компанија во областа на поправки на моторни возила, целата работа ја извршува професионално и со највисок квалитет. Поправка и замена на дискови, Смарт Репаратури, штети предизвикани од каменчиња и лакирање на моторни возила, е секодневие за Dellfix GmbH. Исто така Dellfix GmbH e партнер на многу Германски осигурителни компании и е одговорен за акумулација на штети и за поправка на голем број штети.

Dellfix GmbH има потреба од следната работна позиција

АВТОМЕХАНИЧАР​

 

Општ опис на работа: 
Како компанија на национално ниво, ние сме активни во сите региони на Република Германија, каде има моторни возила оштетени од градските бури. За жал, не секогаш знаеме точно каде и колку долго ќе работиме на една одререна локација. Ако има многу возила што се оштетени, можно е ние да останеме на едно место со наша привремена локација дури и на неколку месеци. Во други случаи, сите поправки се обработуваат во рок од неколку недели и локацијата се менува соодветно со понатамошни нарачки за поправки на моторни возила – ова ја прави нашата работа разновидна и возбудлива. 

За време на сезоната на штети во Република Германија (најчесто во летните месеци од мај до октомври) Ние сме во потрага по вас како засилување на нашите локални Акциони тимови. 

Немате проблем со долготрајно отсуство од дома во текот на летните месеци и сакате променливи и возбудливи работи? Тогаш, совршено се вклопувате во нашиот профил на барања. Се разбира, ние се грижиме за вашето пристигнување, удобното сместување на местото каде ке се работи , и да ние ги пориваме сите трошоци.

Спецификација на работа: 

Демонтажа и монтажа на моторни возила. Вклучувајќи поправки во внатрешноста (ентериерот) на автомобилот, исто така поправки на трим, столб, покривот, делови како што се хаубата, капакот на багажникот, вратите итн. Сите од горенаведените автомобилски делови можат да бидат оштетени, при што тие треба бидат демонтирани, поправени и повторно монтирани. Исто така замена и поправка на клучалки, шини на покривот, менување на филтри и соодветни предизвици припаѓаат на задачите.

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема
  • Претходно тригодишно работно искуство
  • Минимум германски и / или англиски јазик ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б – категорија


Што очекуваме:

  • Бугарски пасош со најмалку 6 месеци важност 
  • Прецизна, пристојна и уредна работа
  • Точност и сигурност
  • Подготвеност за учење и тимска работа
  • Банкарска сметка. Платите не се платени во готово


Она што го нудиме:

  • Договор за работа во Германија
  • Работа со променлива работна локација, ограничена на 6 месеци
  • Пријатна работна атмосфера во специјализиран тим
  • Упатства за работа од страна на нашите специјалисти
  • Стапка: 10,00 - 15,00 евра(брутто) - во зависност од квалификациите. 
  • 40 часа неделно, по одземање на данок / осигурување, ова резултира со нето плата од
  • околу 1250 € - 1750 € месечно. 
  • Можно е да се работи прекувремено.
  • Социјално и здравствено осигурување
  • Бесплатно сместување во добро чувани пансиони и гостилници на локацијата
  • Патни трошоци за патување при пристигнување и враќање се 100% прифатени
  • Контакт лице со македонски јазик

 

Се радуваме на вашите апликации за работа !!!

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација!

*Можат да аплицираат сите со бугарски пасош / секаков вид на европски пасоши + активни германски визи 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде