Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ЕГЗЕКЈУТИВ СРЧ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕГЗЕКЈУТИВ СРЧ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ

Нашиот клиент, реномирана компанија од финансискиот сектор,
има потреба од нов член на позицијата:
 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ

 

Одговорности на позицијата:
  • Остварување на плански задачи;
  • Обновување, активно барање можности и подготвување предлози и активности за зголемување на сопственото портфолиото;
  • Подготовка на потребните податоци за изработка на продажни и деловни анализи;
  • Подготовка и учество во изработката на понуди;
  • Вршење наплата и одговорност за наплата на сопственото портфолио;
  • Учество во процесот на воведување на нови производи;
  • Го следи развојот на подрачјето и перманентно се дообразува.
     
Потребни квалификации:
  • Високо образование;
  • Минимум 2 години работно искуство во продажба, искуство од подрачјето на осигурување ќе се смета за предност;
  • Самоиницијативност, ориентираност кон резултати, грижа за клиенти, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Добри организациски и комуникациски вештини, способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола Б категорија и подготвеност за службени патувања;
  • Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
     
Компанијата нуди:
  • Работа во интересна и динамична средина, со современи технологии  и можности за личен и професионален развој;
  • Стручно усовршување, посета на курсеви во земјата и странство;
  • Соработка на проекти од меѓународна околина;
  • Основна нето плата од 30.000 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
     
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака Комерцијалист најдоцна до 30/10/2020. 
 
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. За повеќе информации јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде