Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - ПИ ФИНАНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПИ ФИНАНС ДООЕЛ
  • Адреса: ул.ПРОЛЕТ бр.31, 1000 Скопје

Со цел проширување на тимот, Друштво за финансиски консалтинг ПИ ФИНАНС ​
распишува оглас за следната работна позиција:

овластен сметководител

Потребни квалификации:

  • Високо образование-Економски факултет;
  • Претходно работно искуство на иста позиција;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office);
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Изготвување на завршни сметки ќе се смета за предност.

Одговорности и задачи:

  • Книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи, периодични финансиски извештаи;
  • Подготовка  на компензации, цесии;
  • Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи;
  • Доставување на излезни фактури и останата излезна документација до купувачи;
  • Следење на наплата на побарувања;
  • Подготовка на ДДВ пријави;
  • Комуникација со сите релевантни државни институции.

Способности и професионални вештини:

  • Одговорна, темелна, аналитична, посветена, одговорна и коминукативна личност;
  • Поседување на висок интегритет и лојалност;
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност;
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови;
  • Способност за тимска и индивидуална работа;
  • Систематичен пристап при работењето и ориентација кон детали;
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера;
  • Напредни планирачки и организациски способности.

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) преку полето Брза Апликација, со назнака на позицијата за која аплицирате или јавете се на телефонскиот број 076/360-005.

Во најбрз можен рок ќе бидете контактирани и информирани за сите потребни информации од страна на нашиот тим.

Ве очекуваме!
Пи Финанс!


​www.pifinance.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде