Vrabotuvanje.com - Техничари/ки за благородни соли / Salts Technicians - Скопје - ЏОНСОН МЕТИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничари/ки за благородни соли / Salts Technicians

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЏОНСОН МЕТИ
  • Адреса: Технолошко индустриска развојна зона (“ТИРЗ”), Бунарџик, 1041 Илинден
 

Оглас за работа: Техничари/ки за благородни соли/ Salts Technicians

Реф. број: 2021015
Локација: Скопје, Македонија

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети Скопје има потреба од Техничари/ки за благородни соли/ Salts Technicians кои ќе се придружат на нашиот тим за производство на соли на благородни метали.

Кандидатите треба да имаат позитивен и аналитички пристап, да демонстрираат способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. Потребно е да поседуваат докажани способности за решавање на проблеми стекнати како резултат на работа во производствена работна средина, демонстрирајќи способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби. 

Главни одговорности:

  • Реализација на континуиран и безбеден процес на производство во содветната смена и употреба на соодветни реагенси и материјали, со цел навремено исполнување на зададените цели и задачи
  • Техничка способност за совладување и изведување на сите процеси во одделот
  • Грижа за достигнување на највисоко ниво на квалитет според барањата на сите купувачи и на останатите процеси во фабриката
  • Непречена комуникација со сите останати одделенија со цел достигнување на највисоко ниво на ефективност и изведба односно спречување на загуби на ниво на целиот процес
  • Контрола на материјали, суровини и остатоци во одделот според одредени временски рамки
  • Активно учество во подготовка и достава на материјали и податоци при надворешни посети

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

  • Идеално 2-3 години работно искуство во хемиско / металуршки производствен процес
  • Универзитетска диплома во областа на технологија ќе се смета за предност, но не е неопходна
  • Способност за работа во тим и вештини за работа со апаратура
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на прецизност и квалитет во работењето
  • Познавање на Microsoft Office пакетот
  • Познавање на македонски и англиски јазик

Позицијата подразбира сменска работа 24/7.

Како да аплицирате:

Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:

Краен рок за аплицирање: 10ти април 2021

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде