
Турската компанија Чагатај Кабло е основана во 1998 година за производство на жици, кабли и инсталации претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини чистачи и специјални аеродромски возила. Од 2018 година освен фабриката во Турција Чагатај Кабло има производствени капацитети и во Р.С. Македонија.
Фабриката на Чагатај Кабло која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:
- Со или без работно искуство
- Организираност и одговорност
- Способност за работа во тим
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови
- Задолжително следење на правилата и процедурите за работа
- Редовни месечни примања најдоцна до 5-ти во месецот, платен минат труд, платен регрес итн.
- Климатизирани и чисти простории во производство без никакви хемикалии
- Обезбеден квалитетен оброк
- Само прво сменска работа
- Превоз до работа и назад со климатизирани возила (Скопје, Куманово, Велес и можност да се отворат други линии)
- Можност за напредување во позицијата
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера
- Организација на социјални активности вон фабрика
- Организација на новогодишна вечера во ресторански амбиент целосно покриено од компанијата,
- Новогодишна лотарија која се доделува 300.000 ден ваучери за сите среќни добитници.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација.