Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Магационер

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време,
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.

Работни задачи:

  • Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием),
  • Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење,
  • Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена  документација,
  • Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа,
  • Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин,

Од кандидатот очекуваме:

  • Завршено ССС
  • Претходно искуство во логистика и магацинско работење ќе се смета за предност;
  • Познавање и работа на компјутер;
  • Поседување лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност;
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето;
  • Високо ниво на одговорност и концентрација;
  • Адаптибилност и можност за работа во тим.

Рок на аплицирање до 15.06.2024 година.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде