Vrabotuvanje.com - Електричар - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:

 
ЕЛЕКТРИЧАР
 

Опис на работно место:

  • Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
  • Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.

Работни услови: Работа во три смени, повремена работа на височина.

Потребни квалификации:

  • IV степен стручна подготовка, електротехничар-енергетичар, или III степен стручна подготовка – електро механичар (инсталатер);
  • Со и без работно искуство;
  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност.
     

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 24.06.2024 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Електричар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде