Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Енергетска насока - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер - Енергетска насока

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби.

Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:

ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА

Опис на работно место:

  • Планира, организира и координира со сите активности во одржувањето во својата зона;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Ги контролира и спроведува потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативните активности за интервенција;
  • Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа.

Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок.

Потребни квалификации:

  • Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер;
  • Со и без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 24.06.2024 година

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Дипломиран електро инженер - Енергетска насока и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде