Vrabotuvanje.com - Работник во магацин - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За потребите на нашата компанија потребен ни е 
РАБОТНИК ВО МАГАЦИН


Основни должности:

  • Прием на стока, припрема на стока, утовар и истовар
  • Припрема и монтажа на мебел
  • Раздолжување на уплатни места со опрема која се враќа во магацин
  • Припрема на стока за отпис
  • Редовен годишен попис
  • Сортирање, задолжување и раздолжување на приемници и отпремнина во магацинот и друга попратна документација
  • Уредно водење патни налози
  • Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
  • Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото кое го користи
  • Пополнување на електронски патен налог
  • Водење сметка за потрошувачката на горивото
  • Испорака на потрошен материјал 


Услови:

  • Средно образование IV степен на стручна подготовка
  • Потребно е минимум претходно работно искуство од 2 години на исти или слични работи.
  • Пожелно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи и патиштата во Македонија.
  • Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија, поседување возачка дозвола (Ц категорија) ќе се смета за предност
  • Дополнителни знаења: работа со компјутер
  • Kомуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација, одговорност и доверливост,


Компанијата нуди:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Работна недела од 38 часа
  • Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма
  • Награди за најдобрите вработени
  • Дополнителни денови од годишен одмор

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да го испратите преку Брзата Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 23.06.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде