Vrabotuvanje.com - Алатничар - Велес - Marquardt Macedonia
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Велес

Рок за пријавување:

  • Marquardt Macedonia

За нашата фабрика во Велес ,,Маркарт Македонија ДООЕЛ„ има потреба од вработување на
 
Алатничар
 
 
Главни одговорности:
  • Менување алати на машините за изработка на делови (сегменти) за потреби на калапите за бризгање. 
  • Поставување и прилагодување на параметри на машините (глодалка, фреза, дребонг,рачна брусилка) 
  • Се грижи за состојбата на алатите (калапите) и машините, нивно навремено одржување и нивните резервни делови
  • Корегира грешки кои може да се појават во текот на производството
  • Ја проверува сложеноста и видот на произведените делови, според цртеж 
  • Систематски го контролира одржувањето на алатите и забележува недоследности 
  • Документира преработени или оштетени делови
  • Открива можни дефекти при изведбата на превентивното одржување
  • Систематски го контролира одржувањето на алатите и забележува недоследности
 
Потребни квалификации: 
  • Електро/Машински техничар со завршено средно образование или еквивалентна квалификација
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција 
  • Искуство во управување со глодалка/фреза и дребонг и искуство во одржување на индустриска опрема ќе се смета за предност
  • Ефикасно решавање на проблеми
  • Познавање на алатките од MS-Office пакетот
  • Структурален пристап и способност за расудување
  • Способност за работа под притисок
  • Желба за тимска работа
  • Познавање на англиски јазик
  • Искуство во користење на SAP системот се смета за предност
 
Во Маркарт, нашите вработени се наша најголема вредност. Она што денес е вообичаено – активирањето на едно копче - не би било возможно без залагањето и талентот на над 10.000 вработени кои работат на 19 локации на глобално ниво. Бидејќи сме свесни дека нашите вработени ја реализираат нашата визија за производство на автомобилски електрични производи со врвен квалитет, ние создаваме можности за нивен раст, развој и обликување на својата иднина.
 
Искористете ја можноста за претставување на Маркарт групацијата во Македонија и истовремено, развивајте ја вашата кариера заедно со нас! 
 
Доколку сте заинтересирани за горенаведената позиција, Ве молиме испратете ја Вашата апликација преку полето Аплицирај со назнака: Алатничар.
 
Крајниот рок за аплицирање е 19 Ноември 2018 година.
 
Ве молиме имајте во предвид дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошни интервјуа.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде