Vrabotuvanje.com - ИТ специјалист за пред-продажба (IT pre-sales specialist) - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ИТ специјалист за пред-продажба (IT pre-sales specialist)

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

 
Врботување Ком за потребите на својот клиент реномирана меѓународна IT компанија објавува оглас за следната работна позиција
 
ИТ специјалист за пред-продажба (IT pre-sales specialist)
 
 
Задолженија
  • Учествува во изработка на годишен план за продажба на клучни клиенти;
  • Соработува со вендорите за кои е задолжен;
  • Врши продажни активности кај клучните клиенти (потенцијални и постоечки) користејќи специјализирани технички и продажни знаења;
  • По потреба изработува и презентира целосни решенија поврзани за конкретна технологија во рамките на програмата за која е задолжен;  
  • Учествува во управувањето на активности поврзани со изработка на понуди;
  • Соработува со проектниот тим за деловни корисници и решенија;
  • Континуирано го следи односот на понуда и побарувачка, како и активностите на конкурентите;
  • Учествува во анализа на прашањата, потребите и барањата на клучните клиенти во и анализа на нивните навики при купувањето; 
  • Постојано го информира надлежниот менаџер за новините на пазарот;
  • Креира позитивен однос со клучните клиенти;
  • Учествува во реализација на нарачките за клучните клиенти како дел од проектниот тим; 
  • Учествува во воведување на новите вработени во активностите и организациската култура на фирмата; 
  • Го пренесува своето знаење на колегите;
  • Континуирано се едуцира и усовршува;
  • Редовно го информира претпоставениот за активностите и резултатите;    
  • Сите активности ги води во согласност со деловните политики на фирмата;
  • Активно ги користи постојните алатки за поддршка на деловните процеси;
  • Активно го познава процесот на јавни набавки (познавање на процедури за аплицирање на IPA, WB, UN... фондови ќе се смета за предност)
 
Одговорности:
  • Изработка на понуди од портфолиото на компанијата;
  • Точност во изработката и навременост во предавањето на понудите; 
  • Континуирано стручно усовршување за дел од портфолиото за кој е задолжен; 
  • Оптимална и ефикасна употреба на ресурсите кои директно управува;
  • Развој на лични компетенции согласно годишниот план за развој и во склад со потребите на компанијата
Компетенции:
  • Пожелно високо образование од техничка или економска струка, минимум ССП. Поседување на сертификати од ИТ сферата ќе се смета за предност
  • Работно искуство – пожелно 4+ години (минимум 2 години) во системска интеграција или ИТ дистрибуција 
  • Напредно познавање на Англиски јазик
  • Напредно познавање на работа на компјутер. Пожелно искуство во користење на деловни апликации од типот на CRM
  • Возачка дозвола од Б категорија, активен возач
Лични карактеристики:
  • Емоционална стабилност, совесност и истрајност;
  • Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
  • Високо развиена способност за аналитичко размислување и справување со проблематични ситуации и “тешки” клиенти
 
На кандидатите им нудиме можност за работа со познати клиенти на проекти битни за развојот на јавниот и приватниот сектор, континуирано усовршување, флексибилно работно време, пријатна работна средина, редовна размена на искуства со колегите од поширокиот регион, можност за работа на проекти во странство, присуство на ИТ конференции, како и редовни тим билдинзи надвор од границите на РМ. 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контакти

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде