Vrabotuvanje.com - Помошник сметководител - Скопје - ARC Automotive Inc.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Помошник сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ARC Automotive Inc.
 
АРЦ е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, АРЦ е посветен на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:

Помошник сметководител

Со континуиран надзор на претпоставените, помошник сметководител помага во извршувањето на сметководствените задачи на друштвото во поставените рокови. Согласно потребите може да извршува или помага во извршувањето на неделните проверки и анализи за потврдувањето и проверка на салдата и состојбите.  По потреба може да учествува во посебни финансиски проекти на барање на менаџментот.


Квалификации на кандидатите: 

  • ВСС од областа на сметководство, бизнис или финансии.  Високо ниво на  техничките вештини, способност за расудување и дискреција.  Одлично познавање на Microsoft Word, Excel и Outlook.
  • Учествува во прибирање и анализа на сметководствените податоци 
  • Комуницира и соработува со останатите сектори за анализа на сметководствените прашања
  • Помага во комуницирање со секторите одговорни за набавки и прием 
  • Помага во сложувањето на финансиски информации со прибирање и анализа на сметководствените податоци 
  • Помага во сложувањето на салдата на купувачи и добавувачи 
  • Учествува во извршување на годишен и периодични пописи 
  • Подготвува анализи за работењето
  • Учествува во комплетирање на специфични проекти, извештаи, анализи и останати доделени задачи
  • Извршува останати сметководствени задачи по потреба.
 
Кандидатите треба да ги исполнат и општите услови предвидени со Закон. Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база во период од 12 месеци.
 
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
 
 
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
 
Документите треба да се достават до „АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ" Скопје со назнака за Помошник сметководител до Сектор за управување со човечки ресурси преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде