Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Карго Дооел Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Карго Дооел Скопје
  • Адреса: Бул. Видое Смилевски Бато бр. 1, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://kargo.mk

Компанијата Карго Дооел е основана во 1991 година и во текот на овие 30 години континуирано овозможува брзо и квалитетно организирање на царинско посредување при увоз, извоз, реекспорт како и европски транзит на стоки. За таа цел ги имаме сите потребни банкарски гаранции. Развивме комплетна мрежа на сопствени канцеларии во Скопје 1 и 2, Табановце, Блаце, Богородица, Ќафасан и Деве Баир ги покриваме сите царински испостави на цела територија, со оперативно посредување во сите видови царински постапки. Со ваквта наша поставеност имате можност постапките на царинење да бидат извршувани директно на царинските испостави 24/7, вклучувајки ги викендите и празничните денови.

Следејќи ги трендовите, во 2016 година ги проширивме нашите активности како лиценцирани посредници во организација на превоз, и денес можеме да се пофалиме дека успешно реализираме различни видови на копнен, бродски и авионски превоз. Со тоа станавме способни и спремни да обезбедиме комплетна логистичка услуга.

Нашиот тим од 40 стручни лица, секој во својата обаст, тековно ги следи измените на законските прописи поврзани со увоз, извоз, транспорт и транзит на стока. Истите веднаш ги применуваме и навремено ги информираме клиентите. Во прилог на ова можат да потврдат повеќе реномирани компании, наши партнери со кои сме во секојдневна комуникација се со цел реализирање на нивната замисла и давање на најсоодветни решенија.

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Опис на работата:

  • Книжење;
  • Изработка на фактури;
  • Банкарски плаќања;
  • Благајна;

Потребни квалификации:

  • ВСС;
  • Претходно работно искуство минимум 5 години;

Ние Ви нудиме:

  • Пријатно работно окружување;
  • Редовни месечни примања.

 



Доколку сте заинтересирани Ве покануваме да ни доставите Ваша кратка биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде