Vrabotuvanje.com - Келнер / Шанкер - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Келнер / Шанкер

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

КЕЛНЕР / ШАНКЕР
 

 

Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:

  • Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот и одговара на нивните барања;
  • Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
  • Други одговорности соодветни на работното место Келнер.

Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:

  • Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
  • Води евиденција за залихата на пијалоци;
  • Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност.

Потребни квалификации:

  • Искуство како келнер / шанкер од мин. 1 година
  • Познавање на странски (англиски / албански) јазик се смета за предност;
  • Предност е доколку кандидатот е од Гостивар и околината или општина Маврово и Ростуша;
  • Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци на ден;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан аплицирате, Келнер или Шанкер.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022

Disclaimer:.

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде