Vrabotuvanje.com - Шеф на сметководство - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Шеф на сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, Алма-М во моментов го проширува својот тим за Сметководство и отвора нова работна позиција ШЕФ НА СМЕТКОВОДСТВО. Доколку размислувате за вашиот следен голем потег, оваа можност ќе ви обезбеди да ги постигнете Вашите аспирации.

 

ШЕФ НА СМЕТКОВОДСТВО

 
датум на објава: 28 Јули 2022
рок за пријавување до:11 Август 2022
број на оглас: О-220728-АД-ФС
сектор: Финансии
 

Клучни одговорности:

  • Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото,
  • Контрола на книжење на финансиска и материјална документација,
  • Изготвување на завршни годишни сметки и консолидација,
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка,
  • Плаќање на налози,
  • Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
  • Подготовка на финансиски извештаи,
  • Уредно водење на документација во согласност со имплементирани стандарди за квалитет во компанијата,
  • Комуникација со сите релевантни државни институции,
  • Извршување на редовни административни активности во домен на сметководство,
  • Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива.

Потребни квалификации, способности и вештини:

  • Минимум завршено високо образование - Економски факултет,
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител,
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, посебно на Мајкрософт Ексел),
  • Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,
  • Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
  • Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
  • Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера, 
  • Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови,
  • Способност за тимска и индивидуална работа,
  • Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
  • Поседување на висок интегритет и лојалност,
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност,
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
  • Позитивен однос кон промени.

Потребно искуство:

  • Минимум 3 години претходно работно искуство на иста позиција.
     
 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
  • Ве молиме без телефонски јавувања.


АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде