Vrabotuvanje.com - Супервизор на Рецепција и резервации - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Супервизор на Рецепција и резервации

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

СУПЕРВИЗОР НА РЕЦЕПЦИЈА И РЕЗЕРВАЦИИ
 
 

Работни одговорности на Супервизор на Рецецпција и резервации во Ресорт Маврово ДОО:

  • Го планира, организира и контролира секојдневното работење;
  • Одговорен/на за материјалното и финансиското работење на Рецепција и резервации;
  • Ориентиран/а кон исполнување на барањата на гостите;
  • Ги максимизира сите можности за продажба понудени од страна на хотелот;
  • Ја организира работата на Рецепционерите и Агентите за резервации; ги унапредува нивните вештини; учествува во интервјуа за нови вработени;
  • Изготвување различни извештаи и коресподенција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Одлично го познава софтверот за работа;
  • Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на Рецепција и резервации.

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство на слично работно место од мин. 2 години, одлично познавање на работата на рецепција;
  • Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
  • Високо образование од областа на Угостителство и туризам или Менаџмент се смета за предност;
  • Вештини за работа на компјутер, познавање на MS Office пакетот.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Лидерски и организациски вештини;
  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски и продажни вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Исплата на плата и додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци дневно;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Супервизор на Рецепција и резервации.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.09.2022

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде