Vrabotuvanje.com - Машински оператор (CNC) (Велес, Куманово, Св.Николе) - Велес, Куманово, Св.Николе - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински оператор (CNC) (Велес, Куманово, Св.Николе)

Велес, Куманово, Св.Николе

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје



 

Поради проширување на капацитетите во производството, светски позната водечка компанија од областа на железничката индустрија, лидер во својата област и во моментов е рангирана на листата на Fortune 500 најбогати компании во светот, присутна во повеќе од 50 држави и вработувајќи повеќе од 27.000 лица од целиот свет, бараме:

МАШИНСКИ ОПЕРАТОР (CNC) (реон Велес, Куманово, Св.Николе)


Ако ви е важна безбедна и здрава работна средина, тогаш оваа компанија е вистинското место за вас, бидејќи  една од темелните вредности е „Безбедноста пред сѐ“. Грижата за вработените и нивната безбедност е топ приоритет. Освен за безбедноста, оваа компанија се грижи и за мотивираноста на своите вработени преку нивен постојан кариерен развој, одржување на конкурентно ниво на плати и останати додатоци и надоместоци.

ЗАДАЧИ:

  • Чита и применува техничка документација по технички цртежи;
  • Подготвува мерен, стезен и контролен алат;
  • Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери,позиционира, порамнува)
  • Изработува пробно парче, го доставува на контрола и по потреба спроведува корекции
  • Врши машинска обработка на метални делови со помош на CNC машина, ја контролира и/или програмира машината;
  • Врши мерење на димензии на готовите парчиња со помош на мерни инструменти и врши доработка на парчињата;
  • Врши финална обработка на произведените парчиња со браварски операции (турпијање, шмирглање, симнување рабови, естетско дотерување, полирање)
  • Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката
  • Ја надгледува работата на машинјите и пријавува евентуална неисправност
  • Врши редовно оджување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
  • Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции (работен налог, SPC листи)

БАРАМЕ:

  • Завршено најмалку ССС-машински техничар, машино-бравар или сродни технички струки;
  • ВСС- Машински инженер или сродни технички струки;
  • Потребно работно искуство: со или без работно искуство;
  • Познавање на технички цртежи;
  • Стабилна и лојална личност;
  • Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења;

НУДИМЕ:

  • Работа во 3 смени: прва смена од 06.00-14.00 часот, втора смена од 14.00-22.00 часот, трета смена од 22.00-06:00 часот;
  • Спроведена обука од страна на компанијата;
  • Конкурентна оснановна нето плата и додатоци за сменско работење, додаток за исхрана, К-15 и дополнителни законски исплати;
  • Континуирани годишни евалуации на платите;
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време;

Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде