

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ги сакате финансиите!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
АСИСТЕНТ ВО СЕРВИС НА КУПУВАЧИ
- Изработка и одржување на ценовници
- Внес и ажурирање на податоци за купувачи, сложување финансиски картици и комуникација за решавање на спорни ситуации со купувачи
- Промо рабат на фактура-ажурирање и имплементација во систем
- Кредит лимит –зголемување на кредитниот лимит кај купувачите
- Водење на извештаи за долгувања , деблокади на системски блокирани купувачи
- Обработка , книжење и архивирање на финансиски документи, фактури и останати документи за купувачи
- Обработка , книжење и архивирање корективни документи
- Обработка , книжење и архивирање интерни документи
- Телефонска централа-телефонски јавувања, одговарање на повици и пренасочување на повици според потребите
- Останати работни обврски по налог на директно надреден
- Оперативни состаноци со директно надредени со цел известување за реализација на работните обврски активностите кои се во надлежност, запознавање со новите процеси, барања
- Основни услови: ВСС (Економски Факултет)
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на
приоритети - Општи компетенции: Солидно познавање на работа на компјутер, Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент

Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/