Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча и Хотел Лоџ, како и Ски Центар Маврово) кое е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.), објавува оглас за работна позиција
РАБОТНИК ВО СКИ ПАТРОЛА
Работни одговорности на работник во Ски Патрола:
- Ја надгледува безбедноста на скијачите на ски терените преку редовна навремена обиколка на ски терените
- Укажува прва помош при повреда на скијачи и посетители на ски центарот
- Врши уредување на ски терените, нивна усогласеност со поставените стандарди
- Врши мониторинг на ски терените, како на скијачите така и на запазување на утврдените важечки правила
- Се грижи за функционалноста на ски терените и врши редовен континуиран надзор на истите
Потребни квалификации:
- Скијачко искуство е задолжително
- Обука за прва помош, би била предност при изборот
- Работа во планински услови.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Љубезна и културна личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Сезонска работа
Рок за пријавување на огласот: 15.02.2023
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) преку Брзата Апликација и во subject наведете „Работник во Ски Патрола“.
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.